| четврток, 6 декември 2018 |

Уште едно светско име на „Д фестивал“

Новата ѕвезда на британската денс-сцена ВИЛКИНСОН (WILKINSON)доаѓа на Д ФЕСТИВАЛ како последното име кое ќе ја предводи програмата на првиот фестивалски ден. Марк Вилкинсон (Mark Wilkinson), авторот на глобалната денс химна „Afterglow“ со 36 милиони прегледувања на „Јутјуб“, кој изминатата година ги собра наградите за Најдобар сингл, Најдобар албум, Најдобро видео, Најдобар продуцент и Најдобар лајв изведувач на британските „Национални драмендбејс награди“ (National Drum & Bass Awards), во вистински момент доаѓа во Дојран со првиот диџеј сет пред македонската публика! Главната бина на Д ФЕСТИВАЛ на 17. јули (петок) ќе го пречека лондонскиот диџеј и продуцент кој доминираше на британските листи со денс сингловите од албумот „Lazers Not Included“, а ремиксите ги потпиша за имиња како што се „Горгон Сити“ (Gorgon City), „Чејс & Статус“ (Chase & Status) и „Егземпл“ (Example), покрај неизбежната клупска верзија на песната „Sing“ на Ед Ширан (Ed Sheeran).

Неговиот нов сингл „Hopelessly Coping“ е следниот голем хит кој ќе го одбележи ова лето, а кој сигурно ќе го понесе танцувачкиот подиум пред главната бина на единствената фестивалска понуда ова лето кај нас, Д ФЕСТИВАЛ во Дојран, најавуваат од „Пасфорд продукција“.

Со ВИЛКИНСОН се затвора комплетната програма на главната бина на Д ФЕСТИВАЛ која ги вклучува и настапите на МАНУ ЧАО ЛА ВЕНТУРА, КИРИЛ ЏАЈКОВСКИ и ТК ВОНДЕР, ЕЛЕКТРИЧНИ ОРГАЗАМ, ФОЛТИН, БЕД КОПИ, ЉУБОЈНА БРАС ФАНТАЗИ, ФУЛИШ ГРИН, ПМГ КОЛЕКТИВ, НОВИОТ ПОЧЕТОК, ПОИНТ БЛЕНК, КУЛТУРНО УМЕТНИЧКИ РАБОТНИЦИ, ФУРИОН, ЗАА, БЛА БЛА БЛА, БАИЛДСА, ДРАМ’ЕН’БРАС ТРИО, додека на втората фестивалска бина досега потврдени се настапите на ЏУН, БРУКА БЕНД, ОРАТНИЦА и РЕТРО КАБАРЕ. Наскоро очекувајте ја комплетната програма за втората и третата бина на фестивалот, како и бројните дополнителни активности кои ќе се одвиваат во рамки на кампот за незаборавно искуство и дружење на посетителите на петтиот Д ФЕСТИВАЛ.

САМО УШТЕ 6 ДЕНА ЗА ПРОМОТИВНИТЕ ВЛЕЗНИЦИ

Остануваат само уште 6 дена пред распродажбата на влезниците со промотивни цени, како и специјалната студентска акција „4+1“, кои ќе важат само до 1. јули (среда)!

Тридневните фестивалски билети за музичкиот маратон кој ќе се одвива од 17. до 19. јули, вклучувајќи го и сместувањето на ептен независниот камп, ќе бидат достапни за 600 денари само до 1. јули. Од 1.јули цената на овие влезници ќе изнесува 800 денари.

Промотивната цена на еднодневните влезници е 250 денари за петок (17. јули) и сабота (18. јули), а 350 денари за недела (19. јули). Овие влезници од 1. јули ќе чинат 350 денари, односно 450 денари.

Покрај промотивните фестивалски и еднодневни велзници, преку продажната мрежа на МКтикетс се спроведува и специјалната акција „4+1“ наменета исклучиво за студентите во Македонија. Во рамки на оваа акција за 4 купени фестивалски влезници, петтата влезница ја добивате бесплатно, како и гратис камп за сите петмина. Сѐ што треба да направите е да го соберете вашето омилено друштво, задолжително да носите студентска легитимација и да се упатите во едно од официјалните продажни места на Д ФЕСТИВАЛ. За оваа акција да биде уште подостапна, Д ФЕСТИВАЛ се погрижи и околу здружувањето на сите заинтересирани. Доколку не можете да се екипирате, за полесно да ги најдете вашите пајташи за на фестивалот и полесно да стигнете до единечна карта за тридневен фестивал која само до 1. јули практично ќе ве чини 480 денари, приклучете се и пишете во „фејсбук“ групата „Д ФЕСТИВАЛ 4+1“.

ЕДНОДНЕВНИ ВЛЕЗНИЦИ:
Ден 1 (17. Јули) – 250 денари
Ден 2 (18. Јули) – 250 денари
Ден 3 (19. Јули) – 350 денари

ФЕСТИВАЛСКА ВЛЕЗНИЦА (+ бесплатен камп) – 600 денари

За деталите, посетете гo mktickets.mk .

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top