Шефови на држави и на влади на земји-членки на ЕУ ќе се соберат денеска во Брисел на дводневен самит на кој главни теми ќе бидат емиграцијата, борбата против тероризмот и ситуацијата во Украина.
Бранот бегалци од Блискиот Исток и од Африка, кои по море и копно масовно се обидуваат да пристигнат до Европа, ќе биде прва и најважна точка на агендата, а во согланост со тоа и планот на ЕК да се воведат квоти за прифаќање азиланти за секоја земја-членка.
На самитот, исто така, ќе стане збор и за воено-поморска операција во водите на Средоземно Море против шверцери на луѓе, што министрите за надворешни работи на ЕУ ја усвоија на неодамнешниот состанок во Луксембург.
Европските лидери ќе разговараат и за спроведување мерки за искоренување на тероризмот, усвоени на априлскиот самит, а кои предвидуваат подобра координација на безбедносните служби и спречување на екстремистички организации да шират пропаганда и регрутираат доброволци преку интернет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.