Албанската полиција околу полноќ ја прекина акцијата во селото Лазарат поради целосниот мрак, а конечната пресметка со вооружената група се очекува утрово.
Сите приоди до селото се под целосна контрола на полицијата, која досега уапсила 11 членови на групата, меѓу кои четворица се предале, од 21 лице за кои е распишана потерница.
Вооружена група вчера во селото отворила оган врз полицијата, при што еден припадник на полицијата загинал, а двајца се повредени.
Албанскиот премиер Еди Рама изрази сочувство до семејството на загинатиот полицаец, кој е поранешен офицер на војската и служел во мисијата на НАТО во Авганистан. Делегација на ЕУ и американската амбасада во Тирана, исто така, ја осудиле смртта на полицаецот.
Албанската полиција синоќа испрати повеќе од 400 припадници на специјалните сили РЕНЕА и локалната полиција во селото Лазарат во рамки на акцијата за апсење на осомничените за нападот на полицајците. Министерот за внатрешни работи на Албанија, Самир Тахири изјави дека операцијата е извршена во координација со Обвинителството за тешки кривични дела, дека е транспарентна и согласно законот.
Селото Лазарат, во близина на Ѓирокастро, е познато како „фабрика за производство на марихуана“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опозицијата бара враќање на смртната казна во Албанија
-
Албанија од 1-ви јануари ги затвора спортските обложувалници
-
Албанија и Косово водат референдумска кампања за Македонија во своите земји: Партиите во Албанија повикуваат на максимален ангажман во Македонија
-
Во Италија запленети 20 тони дрога од Албанија