| четврток, 6 декември 2018 |

Дејан Манасков: Лазаров со кампот направи голема работа

Репрезентативното трио Стојачне Стоилов – Борко Ристовски – Дејан Манасков денесka беа гости на кампот „Кирил Лазаров 7“ и заеднички или одделно работеа со најмалата возрасна категорија, со девојчињата и со повозрасните момчиња.

manaskov i lazarov

 

Новиот ракометар на Вардар, Дејан Манасков кој потекнува од спортско семејство знае што значи за младите таленти, присуството на нивните идоли и работата со поискусните.

borko1

– Капитенот направи голема работа со организацијата на ваков камп, со професионалната работа, стручниот тим и со сите детали околу кампот. Мислам дека неговиот пример треба да го следат и останатите наши ракометари, клубови и ракометот да расте во нашата земја и да покажеме дека сме спортска нација. За едно дете значи многу кога некого гледаш на телевизија, па веднаш потоа можеш да научиш нешто од него. Прво како дружење, потоа да научат нешто од ракометните тајни. И јас бев дете и знам што значи кога некого кого го гледаш на телевизија потоа може да ти покаже нешто од неговото знаење – вели Манасков.

stole

До крајот на кампот тој ќе се врати за уште еден ден да посвети на учесниците на кампот ида открие дел од тајните кои го доведоа до Бундеслигата и до нашата најдобра репрезентација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top