Охридски историчар, Павле Митрески денеска беше одликуван со медал „Михајло Пупин“ заради неговиот истражувачки труд посветен на потеклото и творештвото на светски познатиот и признат научник Михајло Пупин.
Медалот „Михајло Пупин“ е највисокото одликување на Фондацијата „Младен Селак“ од Србија, востановено уште во 1979 година.
Признанието му го врачи Милан Божиќ од Здружението за почитување на ликот и на делото на Пупин од Белград, кој забележа дека од охридско-струшкиот регион произлегле голем број познати луѓе, меѓу кои е и Митрески.
– Големо е задоволството што се наоѓам во оваа средина, во градот за кој Михајло Пупин зборувал дека е центар на христијанството и центар на балканската култура. Задоволство е да се биде во средина која дала многу луѓе, а на чело на тие луѓе е професорот Павле Митрески, истакна Божиќ.
Преку своите истражувања, Митрески посочи дека дошол до заклучок оти коренот на Пупин потекнува од едно село покрај Преспанско Езеро, податок што бил зачуван како запис во турски тефтер од 1568 година.
– Потомците од преспанско му се селат во Нича, Албанија, а оттаму во Струшко Горна и Долна Белица и Вевчани, и на крај се задржуваат во Идвор, Банат, кај Панчево, рече Митрески.
Според него, Пупин бил пријател со американскиот претседател Вудро Вилсон. Токму од Вилсон и од тогашниот премиер на српската влада Милан Пашиќ бил ангажиран во заштитата на правата на малите народи.
– Пупин ја напишал Декларацијата за заштита на правата на малите народи. На Париската мировна конференција бара по секоја цена Македонија да добие автономија. Јас успеав да стигнам до тој запис, нагласи Митрески.
Михајло Пупин во 1914 година ја формирал фонадацијата „Олимпија Пупин“ и давал голема помош на сиромашни деца од тогашна Вардарска Македонија, меѓу кои имало и ученици од Охрид. Помогнал во изградбата на училиштето во стариот дел од Охрид каде што денеска е сместена музејската администрација, а ја изградил и камбанаријата во црквата „Света Богородица Перивлепта“ попозната како „Стар Свети Климент“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст