Филмот е снимен во манирот на вестерн, според кусиот расказ „Гостинот“ на егзистенционалистот Алберт Ками.
Во филмот настапуваат Виго Мортенсен, Реда Катеб и Џемел Барек. Според филмската критика, се издвојуваат режијата, врвната игра на Мортенсен и Катеб и прекрасната фотографија, но и музиката на Ник Кејв и на Ворен Елис.
Оелхофен нѐ пренесува во Алжир во 1954 година на почетокот од антиколонијалното востание за ослободување и ја следи приказната и моралните дилеми на учителот Дару (Мортенсен), Европеец од франкофонско потекло, роден во Алжир, кој е задолжен од зафрленото место во кое предава географија да го пренесе арапскиот фармер Мохамед (Катеб) во најблискиот град каде што го чека судење за убиство на негов роднина и извесната смртна пресуда.
„Далеку од луѓето“ минатата година на Филмскиот фестивал во Венеција има освоено 3 награди, меѓу која и за најдобар филм.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст