| четврток, 6 декември 2018 |

Шок за фудбалскиот свет, Рибери заминува во предвремена пензија

Франк Рибери ја завршува фудбалската кариера поради повредата на скочниот зглоб, јави „Л`Екип“ повикувајќи се на разговор меѓу францускиот репрезентативец и неговите пријатели.

„Толку е, ја завршувам фудбалската кариера“, им се пожалил Рибери на своите пријатели.

Фудбалерот на Баерн има 32 години и веќе подолг период е еден од најдобрите играчи на светот на крилните позиции.

Ланската сезона го повреди скочниот зглоб и пропушти добар дел од сезоната, вклучувајќи ги и клучните мечеви на Баерн и на француската репрезентација.

riberi

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top