Товарно моторно возило „сканија“ со унгарски регистерски таблички, синоќа околу 1.40 часот излетал од автопатот Скопје-Велес.
Според информациите од полицијата, возачот на камионот изгубил контрола над возилото, излетал од автопатот и се превртел во нискостеблеста шума кај населбата Дурутовец.
Просторот каде што паднал камионот е тешко пристапен, возилото е уништено, а возачот сѐ уште се наоѓа во кабината и не се знае во која состојба се наоѓа.
Увид во моментот вршат јавен обвинител, екипи од СВР Велес и противпожарна единица.
Повеќе детали за несреќата во текот на денот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.