| четврток, 6 декември 2018 |

Стари верувања: Денес се одредува какво време нѐ чека цела година

vartolomej-i-varava

Денеска е Св. апостоли Вартоломеј и Варнава.

Во народното верување посебно важен празник се смета Вртолум, денот кога Сонцето се врти кон зима. Многумина дури верувале дека тоа е видливо, поради што гледале во Сонцето за да виделе кога тоа ќе застанело и ќе се завртело.

Се верува дека тоа е тежок празник кога не се работи.

Во Радовишко луѓето станувале рано пред сонце за да го видат како ќе изгрее, како ќе се затемни и ќе се заврти. Овде според овој ден и овчарите прогнозирале какво ќе биди времето. Го набљудувале 12 часа и секој час одговарал на еден месец во годината. На поискусните овчари не само Сонцето туку и некои други знаци им помагале во прогнозирањето на времето. Така на пр. тие внимавале и на ветерот, од каде дува и со која силина, колку има облаци на небото, со која боја се и кон каде се движат, дали сонцето пече посилно или послабо и сл. и сето тоа го бележеле на своите овчарски стапови. Потоа, по овие знаци претскажувале какво ќе биде времето во секој месец, каква ќе биде зимата, какво летото и другите годишни времиња.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top