Руската народна медицина има многу благотворни рецепти, а еден од нив е и „еликсирот на вечната младост“.
Состојките на овој еликсир се сосема природни и докажано имаат лековито влијание на организмот.
Состојките кои ќе ви бидат потребни се:
– 10 грама камилица,
– 10 грама коријандер,
– 10 грама невен,
– 10 грама цветови од бреза.
Измешајте ги сите состојки, а потоа прелејте ги со 500 мл зовриена вода. Почекајте 20 минути да се олади, а потоа испијте го чајот.
По желба можете да додадете и лажица мед.
Половна од подготвениот напиток испијте го наутро, а другата половина навечер.
Можете да го чувате во термос за секогаш да биде доволно топол. Повторувајте ја оваа процедура еден месец, а ако бидете задоволни со резултатите, можете да ја повторите постапката дури по три години.
Овој еликсир поволно ќе влијае не само на вашиот тен, туку и на целиот организам и метаболизам, а резултатите многу брзо ќе ги забележите.
Извор: Жена Блиц
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.