Соња Тарчуловска денеска во „Аџибадем Систина“ на свет го донесе своето трето дете. Радосната вест на „Фејсбук“ ја сподели среќниот татко Јохан.
– Се роди нашата трета среќа. Јоана добро ни дојде сонце убаво – напиша тој.
Јохан и неговата сопруга Соња имаат веќе две деца, ќерката Мелани и синот Младен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.