Во САД уапсени се 1.140 лица под обвинение за сексуално вознемирување на деца како дел од националната акција за заштита на децата, соопшти американското Министерство за правда.
– Предаторите ја користат технологијата во злонамерни и на инвентивни начини да допрат до своите жртви, децата преку државните и националните граници, изјави администраторот на одделението Министерство за малолетници и програма за превенција од деликвенција, Роберт Листенби.
Апсењата се резултат од двомесечната работа во април и во мај и следењето на престапниците кои користат интернет за да ги намамат децата и да ги вовлечат во комерцијална сексуална експлоатација, детска порнографија и патувања во странство и вклучување во сексуален туризам.
Апсењата се и продолжение на операцијата „Скршено срце“ во која минатата година се уапсени 275 лица поради сексуални деликти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.