| четврток, 6 декември 2018 |

Бизнисот ќе разговара како до една милијарда евра размена со Бугарија

stopanska komora

Македонско-бугарската стопанска комора денеска во Скопје ќе одржи годишно собрание.

Познати бизнисмени и директори на корпорации од двете земји, во наредниот период, стои во соопштението од Комората, ќе се концентрираат врз создавање услови за поинтензивна економска размена.

Како до една милијарда евра размена со Бугарија, дали политиката го кочи бизнисот што не признава граници, кои се пречките за поголеми инвестиции, развој на коридорите и железничката пруга кон Бугарија, се дел од темите на кои ќе се разговара на годишното собрание на Македонско-бугарската стопанска комора.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top