| четврток, 6 декември 2018 |

Почеток на крајот на ИД, Курдите зазеле клучна база на џихадистите

Kurdish Peshmerga soldiers parade duringКурдските борци од Единицата за заштита на нацијата (YPG) ја заземаа базата Лива 93 (Бригада 93), чија што локација е важна и во близина на стратешки патишта. Курдските борци и нивните сојузници влегле во соседните делови на градот Аин Ајша, последното голем населено место северно од сирискиот град Рака, што се смета за главен град на екстремистите.

Курдските борци и нивните сојузници ја зазедоа клучната база под контрола на Исламската држава во северниот дел на сирискиот град Рака, упориште на џихадистичките групи, соопшти денеска сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон, пренесува АП.

Базата Лива е важна, бидејќи на нејзина локација се стратешките патишта кои ги поврзува Рака со другите испостави на џихадистите во провинциите Алепо и Хасаки на запад кон исток. Екстремистите оваа база ја преземаа од силите на режимот минатото лето. Ова е втор удар на курдските борци нанесена екстремисти по преземањето на градот Тал Абџад на границата со Сирија во Турција.

Сириската опсерваторија исто така најави дека најмалку 10 цивили, меѓу кои две деца, биле убиени во воздушен напад од владините сили врз џамија во Алепо. Според организација за човекови права Амнести интернешенел, со ткн. „буриња бомби“, вид на импровизирана експлозивна направа, загинаа околу 3.000 цивили во северниот дел на Алепо минатата година.

Сирискиот претседател Башар ал-Асад во февруари рече дека воздухопловните сили на Сирија не го користата такви бомби.

Силите на режимот ја отворија клучна рута за снабдување близу градот Палмира, кој е под контрола на џихадисти, објавија во понеделникот сириските медиуми.

Опсерваторијата објави дека сириската армија сега се наоѓа на околу 10 километри од Палмира и дека силите на претседателот Асад ги истерале џихадистите од Бијарат ал-Гарбија последните денови, пренесе АФП.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top