Еден од најплодните и почитувани композитори на Холивуд загина откако авионот со кој летал се урна во понеделникот во Калифорнија. Џејмс Хорнер доби „Оскар“ за „Титаник“, а компонираше музика и за десетици други блокбастер филмови. Неговиот асистент ја објави смртта преку „Фејсбук“.
– Изгубивме неверојатен човек со големо срце и неверојатен талент. Тој почина правејќи го тоа што го сакаше. Ви благодариме за сите вашата поддршка и љубов.
Хорнер, кој учествуваше во повеќе од 100 филма, имаше 61 година. „Оскарот“ го доби за песната во филмот „Титаник“ испеана од Селин Дион. Композитор е и на музиката за филмовите „Осми патник“, „Аполо 13“,„ Полето на соништата“,„Храбро срце“, „Прекрасен ум“, „Аватар“ и други.
Несреќата се случила во национален парк, околу 100 милји северозападно од Лос Анџелес, по што избувнал голем пожар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.