Турција даде дозвола за спроведување инженерски истражувања за подморската делница на гасоводот „Турски тек“, соопшти руската компанија „Газпром“. Со овој документ се предвидени инженерски истражувања на првата линија на гасоводот во ексклузивната економска зона и во територијалните води на Турција.
Подморската делница на „Турски тек“ ќе ја сочинуваат четири линии, а секоја ќе има капацитет од 15,75 милијарди кубни метри. Гасоводот ќе поминува низ рутата од 660 километри на „Јужен тек“, додека 250 километри ќе одат по нова рута кон европскиот дел на Турција. Турција наведе дека резултатите од испитувањата за влијанието на животната средина извршени за изградба на „Јужен тек“ можат да се искористат при изградбата на новиот гасовод.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.