| четврток, 6 декември 2018 |

Г7 во мај 2016 година во Јапонија, поканата за Путин „виси“

g7-family-2015Јапонија од 26 до 27 мај 2016 година ќе биде домаќин на Самитот на групата седум индустриски најразвиени земји во светот (Г7), изјави денеска шефот на кабинетот на владата во Токио.

– Прашањето за покана на рускиот претседател Владимир Путин сѐ уште е нерешено – изјави шефот на кабинетот Јошида Шуга.

Кризата во Украина, најверојатно, ќе биде на дневен ред на Самитот, додека Јапонија очекува и разговори поврзани со безбедносни прашања во Азија, соопшти претставник на јапонското Mинистерство за надворешни работи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top