| четврток, 6 декември 2018 |

Норвешки брод спасил 600 емигранти во Средоземно Море

migrantiЕкипажот на норвешки брод вчера спаси над 600 емигранти во јужниот дел на Средоземно Море, соопшти денеска полицијата. Емигрантите патувале со два дрвени чамци. Сите се спасени и се наоѓаат во добра здравствена состојба, објави норвешката полиција на својот профил на „Твитер“.

Според локалните медиуми, меѓу емигрантите имало и неколку трудници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top