Србија не ги разбира ниту значењето ниту, пак, целта на резолуцијата за Сребреница, која, освен што ќе влијае врз дестабилизација на регионот, ќе влијае дестабилизациски и врз политичките односи во Србија, се наведува во писмото што Белград го упати до постојаните земји-членки на Советот за безбедност на ОН по повод британската предлог-резолуција за Сребреница.
Во писмото се наведува дека Република Србија оддава почит на сите жртви во конфликтите на просторот на поранешна Југославија и цврсто е уверена дека нашите сеќавања и активности со цел да не се заборави минатото, треба да бидат исклучително во функција на помирување и подобрување на регионалната соработка и добрососедски односи.
Србија во писмото до СБ на ОН наведува дека наследството од минатото не смее да биде пречка за нашата заедничка иднина.
Во писмото се нагласува дека Србија со изненадување ја примила веста за предлог-резолуцијата на СБ на ОН поднесена од Велика Британија по повод 20-годишнината од злосторствата во Сребреница.
– Србија смета дека каква било резолуција нема да придонесе за помирување во регионот, туку, напротив, ќе предизвика тензии, недоразбирања и дополнителна дестабилизација. Србија не ги разбира ниту значењето ниту, пак, целта на резолуцијата, која, освен што ќе влијае на дестабилизација на регионот, ќе влијае дестабилизациски и на внатрешно-политичките односи во Србија, се наведува во писмото упатено од Србија до постојаните земји-членки на СБ на ОН.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.