Во Италија продолжи акцијата за апсење на лицата вмешани во фудбалски местенки. Најпознато име што утрово се најде зад решетки е Даниеле Дели Кари, некогашен играч на Фјорентина, Торино и Џенова и младински репрезентативец на Италија.
Моментно Дели Кари е спортски директор на Катанија и се наоѓа во куќен притвор. Катанија обезбеди опстанок во Серија Б, но клубот е обвинет дека продавал натпревари и бодови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.