| четврток, 6 декември 2018 |

Водени топови за растурање протести против новите цени на струјата

police-forceПолицијата во Ереван растури група демонстранти во центарот на ерменскиот главен град, кои протестираа поради зголемувањето на цената на електричната енергија за 17 до 22 проценти.

Демонстрантите се растерани со употреба на водени топови, а уапсени се и неколку лица.

Пред употреба на сила за растурање на толпата, полицијата неколку пати предупреди дека акциите на учесниците во протестите се незаконски.

Одлуката за зголемување на цените на електричната енергија е донесена на барање на електродистрибутивната компанија, која е под капата на руската компанија РАО. Ваквата одлука е аргументирана со падот на вредноста на ерменската драма.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top