| четврток, 6 декември 2018 |

Советот на ЕУ ќе ги усвои заклучоците за Македонија

 

Forcible-transfer-of-population-Europe-must-recognize-the-factsСоветот на Европската унија денеска се очекува да ги усвои заклучоците за Македонија, јави МИА.

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија, вчера по еден и пол час дискусија за политичката криза во Република Македонија, решија да го остават за денеска официјалното усвојување на заклучоците за нашата земја.

Заклучоците на Самитот на Европскиот совет в четврток и в петок ќе бидат усвоени од страна на шефовите на државите и на владите на земјите-членки на ЕУ.

Советот за општи работи на Унијата денеска се очекува да усвои заклучоци за Македонија според кои во април годинава, Советот веќе изрази „сериозна загриженост во врска со влошувањето на ситуацијата во земјата, особено во областа на владеење на правото, основните права и слободата на медиумите“.

Се очекува, да се повикаат сите страни да преземат одговорност и итни мерки насочени кон обезбедување одржливо решение и конструктивно да се вклучат да го рестартираат политичкиот дијалог и да ја вратат довербата во институциите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top