| четврток, 6 декември 2018 |

Ова се клучните разлики меѓу атрактивните и убавите жени

Постојат различни епитети, кои го опишуваат женскиот род: тие можат да бидат „дооообри“, „секси“, „жешки“, „убави“, „згодни“ и многу, многу повеќе.

Ако погледнете внимателно во оваа тематика се доаѓа до еден малку понижувачки заклучок: кога последен пат сте слушнале некој маж да опишува жена, а притоа да користи епитет што не е директно поврзан со сексуалноста?

Во општеството е се повеќе е тренд жените да се опишани како објекти, а не како живи суштества. На ова значително придонеле целиот арсенал на лажна убавина, како што се лажни трепки и тен, што директно влијае на мажите кои веќе не знаат како да направат разлика меѓу она што е атрактивно, и она што не е.

Сепак, сето оваа голема илузија секој момент може да експлодира како меурче, бидејки вистинска убавина, навистина доаѓа од внатре.

Овие се основните разлики помеѓу атрактивни и убави жени:

– Атрактивноста и се восхитуваат од далеку, додека убавината е нешто што е трајно.

– Атрактивноста е прашање на перцепција, а убавина е она што навистина чини.

– Атрактивност се тешко нашминкани очи, а убавината на лицето е без трага од шминка.

– Атрактивноста е првиот впечаток, а убавината се „пика“ под кожа.

– Атрактивноста е привремена, а убавината е вечна.

– Атрактивноста е секојдневна, а убавината е уникатна.

– Атрактивност е секс за една ноќ, но убавината предизвикува непроспиени ноќи.

– Атрактивноста се нејзините облини. а убавина се нејзините живци.

– Атрактивноста е SMS порака, а убавина е љубовно писмо.

– Атрактивноста е фасадата, а вистинската убавината е жената.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top