| четврток, 6 декември 2018 |

Билки кои ги бркаат комарците

Постојат многу ефективни начини за борба против овие досадни инсекти, но растенијата се најдоброто природно решение. Тука се дел од билките кои можат да ви бидат сојузници…

1. Босилек

Најдобрата можна заштита од комарци е токму босилекот. Но, оваа билка може да биде и одличен додаток во разни сосови и салати. Билката мора да има доволно сонце и редовно да ја чистите и да ги одржувајте листовите. Кога ќе се појават цветови, за жал морате да ги извадите, за листовите да имаат добар вкус.

2. Нане

Лесно е за одржување и брзо се шири, а препорачливо е да ја посадите во саксија, а не директно на земја бидејќи ќе ја фати целата територија. Силниот и освежувачки мирис ќе ги избрка комарците, но и можете да уживате во вкусен леден чај од нане.

3. Маточина

Расте во облик на грмушка и има скромни барања: успева на секоја земја и на сонце и на сенка. Нејзините лисја можат да послужат за правење на чај, а и ги брка сите инсекти, особено комарците од вашиот двор или тераса.

4. Очајница

Ако имате мачка, ова е идеално решение: додека таа одушевено ќе се трие од билката, вашиот миленик дискретно ќе го шири мирисот на оваа билка, која ги одбива комарците.

5. Лаванда

Освен што во вашата градина или тераса ќе и даде посебен летен изглед, лавандата со својата миризба се бори со комарците и другите инсекти. Таа има интензивна арома заради која летово ќе можете да уживате во нејзина близина и без инсекти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top