| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија не е на официјалниот дневен ред на ПССЕ

Во Стразбур започна со работа летната сесија на ПССЕ, на која учествува и делегација на Собранието на Република Македонија предводена од Александар Николоски, во која се наоѓаат и пратениците Ермира Мехмети и Владимир Ѓорчев, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

И овој пат во делегацијата на македонското собрание нема претставници на опозицијата и покрај бројните повиците на ПССЕ, од почетокот на оваа година.

– Македонија не е на дневен ред на оваа сесија, затоа што на дневниот ред се оние дебати кои се итни и кои што претставуват проблем во Европа. Според оценките на ПССЕ, Македонија не претставува таков проблем и затоа таа не е официјално на дневен ред, изјави Александар Николоски, шеф на Македонската делегација.

Секако, вели тој, постојат тела кои редовно се занимаваат со исполнувањето на обврските на земјите-членки, како што е мониторинг комисијата, каде што ќе разгова за една исклучително позитивна посета која што ја имаа членовите на мониторинг комисијата на Македонија, по што донесоа една квалитетна резолуција.

– Тоа ќе биде главниот фокус по однос на Македонија на оваа сесија, додаде Николоски.

Утре во ПССЕ ќе се води една важна дебата на која ќе се расправа за заштитата на предупредувачите, како Едвард Сноуден, при што ќе стане збор и за нелегалното прислушување, по што ќе треба да се донесе и реозлуција во која истото ќе биде осудено.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top