| четврток, 6 декември 2018 |

Позната српска фолкерка тешко повредена во сообраќајка

Познатата српска фолкерка Даниела Враниќ се здобила со сериозни повреди во тешката сообраќајна несреќа ноќва после полноќ во Белград.

До сообраќајката дошло во близина на „Комбанк арена“, кога друго возило налетало на автомобилот со кој управувала пејачката.

Враниќ веднаш е префрлена на Клиника, а според српските медиуми таа ја скршила клучната коска и има уште неколку трауми и набиеници по телото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top