| четврток, 6 декември 2018 |

Москва: Цинична одлуката на ЕУ за продолжување на санкциите кон Русија

москва2

Официјална Москва изрази денеска разочарување од одлуката на ЕУ за продолжување на санкциите кон Русија за уште половина година, истакнувајќи дека особено е цинично тоа што таа е донесена на годишнината на нападите на фашистичка Германија на поранешната СССР.

– Особено цинично изгледа тоа што одлуката за продолжување на антируските санкции на земјите од ЕУ ја донесоа на 22 јуни, на денот кога фашистичка Германија го нападна СССР. Би сакале да веруваме дека тоа е коинциденција, а не специјално смислен потег – соопшти руското МНР.

ТАСС го пренесе реагирањето на шефот на администрацијата на рускиот претседател Владимир Путин, Сергеј Иванов, дека не го зачудува продолжувањето на санкициите кон Русија на годишнината од нападите.

Иванов, исто така не го смета за случајност запленувањето на рускиот имот во Европа на денот на почетокот на економскиот форум во Санкт Петербург.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top