Италијанскиот калчолигаш Парма го пропушти последниот рок и воз за спас и ќе биде преселен во Серија Д во Италија.
Последната шанса за да се исплатат долговите во висина од 22,6 милиони евра и да се добие лиценца за настап во второлигашката конкуренција пропаднаа откако „Корадо груп“ се откажа од инвестирање во клубот.
Од купувањето на Парма се откажа и некогашниот познат бејзбол играч Марк Пјаца и клубот ќе мора да игра во четвртата лига.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



