Србија не може сама да го реши проблемот со имигрантите и има потреба од пари, храна, лекови и техничка опрема, изјави денеска српскиот министер за труд и социјални прашања Александар Вулин, повикувајќи го премиерот Александар Вучиќ итно да свика регионална конференција за имигранти.
Вулин тоа го изјави по првата средба на раководената од него работна група за решавање на проблемите на имигрантските бранови во Србија, на кои присутствуваа и министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ, министерот за европска интеграција Јадранка Јоксимовиќ и претставници на министерствата за одбрана и здравство.
Според Вулин Србија не може да ја запре имиграцијата и преку земјата дневно минуваат меѓу 300 и 400 имигранти.
– Ние ги чуваме нашите граници на север и на југ и би било добро и другите држави да го прават тоа, изјави Вулин, додавајќи дека од почетокот на годината 22.182 лица поднеле барање за азил во Србија.
Според Вулин засега во српските центри за бегалци има доволно места и ниту еден од барателите на азил не е без храна, здравствена заштита и помош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Србија слави, Косово не е примено во Интерпол!
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил