| четврток, 6 декември 2018 |

ЕУ ги продолжи санкциите против Русија и одобри военопоморска мисија во Медитеранот

Санкциите засегаат цели сектори од руската економија, вклучувајќи ги банкарството, одбраната и нафтата, кои не можат да се финансираат од европските пазари. Нивната сегашна важност завршува на крајот на јули.

Санкциите денеска беа продолжени „сѐ додека Русија не ги исполни своите обврски што призлегуваат од спогодбите од Минск“ за прекин на огнот во Украина, изјави британскиот шеф на дипломатијата, Филип Хамонд.

Министрите за надворешни работи на ЕУ, исто така, го одобрија почнувањето на военопоморската мисија за борба против шверцот на мигранти во Средоземно Море, што во прво време ќе се сведува на зголемено набљудување на шверцерските канали и мрежи, низ кои минуваат илјадници луѓе на опасните патувања од Либија кон Европа.

Првото дислоцирање на бродови, подморници, авиони и дронови се очекува за една недела. Оваа одлука беше донесена од шефовите на дипломатиите на ЕУ на отворањето на нивното месечно заседание во Луксембург.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top