Дваесет и четиригодишниот Џ.И. од Голема Речица синоќа со автомобил БМВ влетал во ресторанот Молина на улицата „Илинденска“ во Тетово, објави Курир.
Несреќата се случила кога Џ.И. поради брзо возење загубил контрола над автомобилот, по што удрил во три паркирани возила, два „голфа“ и „шевролет“, по што влетал во ресторанот.
Од ударот полесно се повредени Џ.И. и возачот на паркираниот „шевролет“ Ш.Х.(31) од Шипковица, кој во моментот на несреќата бил во автомобилот.
По укажаната лекарска помош, двајцата се пуштени на домашно лекување. Полицијата извршила увид, а вкупната материјална штета се проценува на 300 илјади денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.