Тамара Тодевска имаше луд викенд во Грција со своите најблиски пријателки, сестра си Тијана и со неколку другари. Популарната пејачка реши да се опушти и лудо да си помине на моминската вечер која ја организираа нејзините другарки. Журката траеше цел викенд, а со оглед на тоа што ниту една моминска вечер не поминува без стриптизер, па другарките решија да ѝ го приредат и тоа изненадување. Сепак, на крајот расоблечени останале Арменд и Зоки Бејби кои за ќеф на славеничката одиграле еден жежок стриптиз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.