| четврток, 6 декември 2018 |

Одѕивот на локалните избори во Албанија под 47 проценти

избори

Изборниот одѕив на вчера одржаните локални избори во Албанија изнесува 46,8 проценти, пренесе ТАСС, повикувајќи се на податоците на Централната изборна комисија (ЦИК).

Се очекува првичните резултати од гласањето да бидат објавени денеска.

Главната опозициска партија во земјата, Демократската партија на Албанија (ДПА), ја обвини владеjачката левица за измами за време на изборите, пренесува БТА.

-Имаше нерегуларности, манипулации, како и притисок и закани  врз избирачите на десницата- изјави во коминике Еди Палока, високо позициониран претставник на ДПА.

Истовремено Палока уверуваше дека десната опозиција победила во целата земја, „од југот до северот“.

Изборите се сметаа за тест за зрелоста на демократијата во Албанија – една од најсиромашните држави во Европа и кандидат за членство во ЕУ, забележаа француските медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top