Нови 20 дела од едицијата Врвови на светската филозофија, историја, психологија и психоанализа се преведени на македонски јазик.
Денеска во просториите на Македонскиот народен театар беа промовирани нови наслови од овој проект кој е од големо значење за македонската култура, историја и наука, со оглед на тоа што за прв пат се преведени на македонски јазик.
На промоцијата присуствуваше претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски кој истакна дека придобивките од ваквите преводи се повеќекратни и долгорочни.
-Поттикнати од состојбата во македонската наука, култура и образование, пред се од фондовите на стручна и високо ценета научна литература во изминативе години како Влада иницираме крупни проекти кои значат големо придвижување на нашата земја во овие област. Такви прокети се: Превод на 1000 книги, а денес веќе 1.200 стручни научни книги и учебници од кои се учи на 10-те највисоко рангирани универзитети во светот, Ѕвезди на светската книжевност и Врвови на светската филозофија, историја, психологија и психоанализа и други. Со тоа Македонија целосно се отвори за светската, односно западната научна мисла нешто што не беше случај во минатото, изјави Груевски.
Со овој проект, додаде тој се прави значаен скок, особено што овие дела за прв пат се преведени на македонски јазик.
Изборот е правен на внимателен и критички начин, подвлече Груевски и упати апел овие книги да го заземат своето место во нашиот високообразовен систем.
-Од 1 јули 2015 година во Националната универзитетска библиотека и во другите национални библиотеки низ државава ќе може да се купат сите овие книги и други едиции. Истите ќе можат да се купат како комплети, но и поединечно, а ќе можат да се плаќаат на рати многу блиска до цената на чинење, додаде Груевски.
Министерката за култура, Елизабета Кначеска-Милевска подвлече дека овие преводи биле до сега најголем предизвик.
-Преку оваа едиција македонската и стручната јавност и студентите добиваат уникатна можност за користење на богатата продукција на дела кои се создадени во рамките на научната дејност на најреномираните британски, американски и германски универзитети. Ова се дела кои извршиле пресудно влијание врз развојот на психолошката, историската и филозофската мисла, истакна таа.
Академик Витомир Митревски подвлече дека преводите на овие 20 книги се од особено значење кога станува збор за терминологијата на македонски јазик, кој воедно била многу важна задача на овој проект, затоа што се користени соодветни термини на македонски јазик.
Со тоа, додаде тој по долго време се внесе македонската терминологија наместо интернационалната терминологија, што е од особено значење за македонскиот јазик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии