Словенецот Алеш Пипан е новиот македонски кошаркарски селектор и тој ќе не предводи на ЕП годинава во Словенија, објави спортскиот портал „Екипа“.
Пипан е тренер на нашиот првак МЗТ Скопје, а пречка за превземање на кормилото на македонската репрезентација е што тој досега беше селектор на Полска.
Алеш е поранешен кошаркар на Олимпија Љубљана, а како тренер има работено во повеќе екипи. Познат е како еден од најпреспективните европски стручњаци, а особено се истакна во промоцијата на талентирани кошаркари.
На клупата на МЗТ Скопје го наследи Александар Тодоров и одлично ги предводи „металците“ во Јадранската лига.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


