Младиот напаѓач на Јихлава, Јан Климент блесна со хет-трик против Србија, а Чесите го декласираа ривалот со 4-0 во втората рунда од ЕП за фудбалери до 21 година.
Климент ги постигна првите три гола, а домаќините ја прегазија Србија и ги освоија првите бодови. Мартин Фридек само ја круниса добрата игра на Чешка со уште еден погодок.
Чесите се пробија на првата позиција во А групата со 3 бода, колку што има и Данска со еден меч помалку. Германија и Србија имаат по еден бод.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.