| четврток, 6 декември 2018 |

Пиво повлечено од продажба поради контроверзно име

Синџирот продавници „Хејненс“ од сојузните американски држави Охајо и Илиноис го повлече од продажба пивото „Свит Бејби Исус“ поради навредливо име.

pivo

 

Очигледно во светот постојат работи што не треба да се мешаат, како што се алкохолот и религиските личности. ­

– Кога и да се обидете да ги поместите границите на контроверзното, нормално е дека тоа на некого ќе му пречи. Но, не треба да е навредливо, нема намера да навреди никого, изјави Дејв Бенфилд, основачот на пиварата „ДуКлав Брувинг“.

Според Бенфилд, да знаел дека ќе предизвика толку проблеми, производот никогаш немало да биде претставен на пазарот.

Изреката „Свит Бејби Исус“ во англиското јазично подрачје се користи како израз на изненадување што има првенствено позитивно значење. Сепак, голем број христијани се најдоа навредени поради отвореното непочитување на централната библиска личност.

Пиварата „ДуКлав“ ги произведува и пивата „Моргазм“, „Гилти Филти Соул“ и „Дрти Литл Фрик“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top