Мистериозна инфекција усмрти две лица во Србија, а уште четворица се инфицирани.
Српските медиуми пишуваат дека докторите ја пронашле бактеријата клостридија, а потоа и бактеријата ентерококус. Пациентите кои ја имале оваа инфекција најчесто биле хронично болни.
Симптомите се висока температура и лоша крвна слика, воспаление на кожата и поткожните ткива во вид на пликови.
Инфекцијата се пренесува најчесто во нечисти услови.
За сега нема нови случаи на зараза, а примероци од инфекцијата се испратени во Берлин и Бохум.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.