Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов кој учествува на безбедносниот форум ГЛОБСЕК 2015 што се одржува во Братислава, Република Словачка, денеска се сретна со претседателот на Полска Бронислав Коморовски.
На средбата беа разменети мислења и информации за актуелните политички и економски состојби во двете земји, како и за севкупните безбедносни политички состојби во регионот, вклучувајќи ја и Република Македонија, јави известувачот на МИА од Братислава.
Иванов изрази благодарност за поддршката од Република Полска во реализација на стратешките цели на Република Македонија за полноправно членство во ЕУ и во НАТО.
– Република Македонија и нејзините граѓани високо ја ценат вашата лична и поддршката на Полска, рече претседателот Иванов.
Претседателот Kоморовски ја реафирмираше заложбата што Република Полска и ја дава на Република Македонија на патот на нејзините евроатлантски интеграции.
– Стабилноста и интегрирањето на Република Македонија е исклучително значајна за стабилноста во регионот, истакна претседателот Коморовски.
Иванов и Коморовски разговараа и за можноста одличните пријателски односи меѓу двете земји да продолжат да се унапредуваат.
Во рамки на безбедносниот форум, претседателот Иванов попладнево ќе се сретне и со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Република Словачка Мирослав Лајчак и со Генералниот секретар на ОБСЕ, Ламберто Заниер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме
-
Иванов во Њу Џерси: Конечната одговорност е на македонските граѓани