| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјанец во притвор поради трговија со хероин во центарот на градот

На 46-годишен скопјанец му е одреден 30-дневен притвор, откако од страна на СВР Скопје е пријавен дека е осомничен за извршување кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.

Единицата за недозволена трговија со дрога по добиеното сознание дека пријавениот идентификуван со иницијалите .БМ. во текот на мај и јуни годинава, од засега непознато лице од Скопје, набавил поголема количество хероин, коешто го препакувал за улична продажба и по преземени мерки утврдено е дека тој нарачките ги договарал по телефон, по што хероинот најчесто го продавал на локации во централното градско подрачје.

На 9-ти јуни годинава, сега притворениот во близина на Градски парк во вечерните часови,бил забележан и легитимиран од полициски службеници на Единицата за недозволена трговија со дрога и при извршен личен преглед кај него биле пронајдени осум полиетиленски паковки со хероин.

Откако бил приведен, а по наредба на судија на претходна постапка, бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени вкупно 15 полиетиленски паковки со наркотична дрога хероин.

По извршеното вештачење на хероинот пронајден кај Б.М., констатирано е дека нето маса од 3,39 грама хероин, истиот ја препакувал во 23 полиетиленски паковки во поединечна нето маса од 0,1 до 0,18 грама, при што една паковка, во зависност од грамажата ја продавал на зависници од Скопје за цена од 300 до 600 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top