| четврток, 6 декември 2018 |

Гостиварец киднапиран и малтертиран на наплатна рампа

Гостиварецот од село Форино бил киднапиран додека плаќал патарина на наплатната рампа Тетово. На патарината друго возило му го попречило патот од кое излегле три лица, две од Гостивар и едно од Тетово и го внеле во нивното возило по што се упатиле кон Тетово.

-Истите физички го нападнале и му се заканувале по неговиот живот и животот на неговото семејство доколку не го врати паричниот долг на едно од лицата. М.М. бил задржан и по некое време пуштен, по што случајот го пријавил во полиција. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот, информираат од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top