Дали и вие уживате во чипсот, пофритот и сите останати прехранбени продукти подготвени со пржење? Наскоро овие продукти ќе бидат забранети!
Сите овие продукти содржат транс масти кои наскоро ќе бидат забранети, па продуктите како чипсот, маргаринот, крофните и сите останати производи кои содржат транс масти нема да постојат барем во “формата” во која моментално постојат.
Транс мастите се незаситени масти со транс-изомер (Е-изомер) масни киселини, кои доведуваат до многу срцеви заболувања па поради тоа многу владини организации и центри за контрола на исхраната се залагаат за нивна забрана.
Многу од овие владини организации и центри за исхрана наведуваат дека транс мастите не се безбедни за конзумирање и очекуваат во блиска иднина да бидат забранети.
Копманиите кои произведуваат прехранбени продукти со транс масти имаат временски рок од три години за да ги исфрлат од употреба, а ќе може да ги користатсамо во посебни околности и со посебна дозвола.
“FDA” која претставува агенција задолжена за контрола на квалитетот на храната и лековите на Министерството за здравје на САД, предложи забрана на транс мастите уште во 2013меѓутоа дури сега е објавено дека оваа одлука е валидна.
– Оваа одлука е донесена врз научни докази и тестирање. Истражувањата покажуваат дека исхраната има важна улога во спречувањето на хроничните болести, а оваа одлука е во согласност со други иницијативи на “FDA” за да се подобри здравјето на Американците – вели Сузан Мејн директор на центарот за безбедност на храната на “FDA”.
Бројни студии покажуваат дека транс мастите го зголемуваат нивото на “лошиот” холестерол во крвта а го намалуваат “добриот” холестерол.
Центрите за контрола на болестите и превенцијата забележуваат дека отстранувањето на транс мастите спречило над 20.000 срцеви напади и 7.000 смртни случаи на годишно ниво.
Иако сето ова важи само за Соединетите Американски Држави, се очекува во догледно време овие стандарди да се воведат и во Европа.
Од 2006 година, произвоителите на храна се принудени транспаренто да ја истакнат количината на транс мастите што довело до нивната количина во производите падне за 78 проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.