Можеби ќе изгледате атрактивно на плажа, но што е после враќањето од одмор? Па, и не сме сосема сигурни дека ќе ви завидуваат!
Иако добро изгледаат на згодните манекенки и на рекламните билборди, во реалниот живот необично скроените костими за капење би можеле да направат да изгледате навистина смешно. И тоа не само затоа што можеби имате неколку килограми одвишок. Таквите модели се непрактични и поради една поинаква причина.
Популарните монокини, односно едноделни костими за капење со различни додатоци, отвори или врвки, на стомакот и телото изгледаат навистина интересно и со сигурност ќе привлечат внимание, но после сончањето тие необично сечени и кроени делови ќе остават и непријатни бели траги. Истиот случај е и со дводелните модели кои се украсени со отвори и траки.
Но, проблемот е и во тоа што токму необичниот крој на овие модели не поднесува и ниту најмал вишок на килограми и облини, туку само цврсти и обликувани тела. Значи, ако посакавте токму ова лето да понесете бикини со некој необичен крој, размислете уште еднаш.
Можеби минатогодишниот класичен костим за капење сепак и не е така лош избор. Со него барем нема да мора да го сокривате телото после враќањето од летувањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.