Љубовните афери на 24-годишно момче од Хрватска, кое во стилот на Казанова заведувал и оставал девојки во Сплит и околината, може да го сместат на обвинителна клупа откако неговите „жртви“ решиле да му се „одмаздат“ со поднесување кривична пријава.
Неколку девојки од Шибеник, Сплит и околината го обвиниле сплиќанецот дека со измами ги заведувал под лажно име и давал невистините информации за неговиот приватен живот и работа.
– Рече дека е спортист, дека има свој бизнис и јас му поверував. Тврдеше дека сака сериозна врска со мене. Дури подоцна дознав дека веќе има девојка и дека не сум единствената на која ѝ го сторил тоа – раскажала една до заведените за „Јутарњи лист“.
– Отворено се поигруваше со нас. Тоа е патолошка потреба за манипулација. Сакам да го ставам во весници за да ги предупредам другите девојки – порачала друга девојка.
„Јутарњи лист“ го пронашол и момчето, на кое воопшто не му било непријатно што го обвинувале девојките дека бил голем заводник.
– Слободно напишете дека сум голем заводник и дека Хрватска ми е премала, па сега ќе одам и понатаму. Мислам дека сето тоа е започнато од љубоморна поранешна девојка која е лута што сум во среќна врска – рекло момчето.
Ако девојките одлучат да му поднесат пријава, тоа ќе биде прва пријава од ваков тип во Хрватска, а можеби и пошироко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.