| четврток, 6 декември 2018 |

Продолжени европските санкции кон Русија

eu rusija sankciiЕвропската унија денеска донесе одлука за продолжување на економските санкции кон Русија за уште една година, соопшти Европскиот совет.

Санкциите воведени поради руската анексија на Крим требаше да завршат на 23 јуни годинава, но ќе важат до истиот датум 2016 година, стои во соопштението на советот.

Забраната се однесува на увозот на стоки со потекло од Крим во ЕУ, инвестирање во регионот, прекин на туристички патувања и на извоз на опрема за експлоатација на гас и нафта, како и уреди за телекомуникации.

Во соопштението се наведува дека казнените мерки се преземени поради илегална анексија на Крим, како и дека ЕУ нема да отстапи од непризнавањето на тој акт.

Санкциите на Русија кои се паралелно воведени поради поддршката на проруските сили во Украина веќе беа продолжени до јануари 2016 година. Одлуката за продолжување на санкциите е донесена со согласност од сите 28 земји членки на ЕУ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top