Во однос на стариот модел, новиот „Икс 1“ суштински се разликува по новите браници, видно зголемени отвори на маската за ладилникот и по сосема новите куќишта на предните светилки, кои се опремени со технологија со ЛЕД. Во духот на теренците што одвреме-навреме треба да се соочат со полоши услови на патот, каросеријата е опремена со неколку пластични заштитни компоненти. Покрај минималното намалување на висината на покривот во задниот дел на автомобилот, новиот „Икс 1“ доби и спојлер на задната врата од багажникот.

БМВ на купувачите ќе им понуди три пакети и нивоа на опременост, „спортлајн“, „икслајн“ и „Ем спорт“. Во опција на пакетот „Ем спорт“, автомобилот ќе добие нови аеродинамични компоненти и полесни 18-ични алуминиумски бандажи. Покрај споменатото, со буквата „Ем“ во пакет одат и спортски седишта обложени со алкантара ,како и голем број алуминиумски детали во внатрешноста. Купувачите на „Икс 1“ со основниот пакет ќе добијат клима-уред, седишта обложени со ткаенина и мулимедијален систем, кој се користи преку 6,5-инчен екран. Како опција може да се добијат и неколку облоги од ткаенина место стандардната црна пластика со висок сјај.


Покрај неколкуте најмодерни сигурносни системи, почетната понуда на мотори за новиот „Икс 1“ се состои од пет можни дволитарски агрегати со четири цилиндра.
Најслабиот дволитарски дизел-мотор нуди 150 коњски сили и 330 њутн-метри вртежен момент. Следен е, исто така, дизелски агрегат, кој со истата зафатнина од 2,0 литри нуди 190 коњски сили и 400 њутн-метри вртежен момент, а врвот на мотори со дизелско погонско гориво е понудата со 231 коњски сили и 450 њутн-метри вртежен момент.
Послабиот бензински мотор нуди 192 коњски сили и 280 њутн-метри, додека посилната варијанта испорачува 231 коњска сила и 350 њутн-метри вртежен момент. Понудата на мотори за новиот „Икс 1“ наскоро би можела да биде проширена со воведувањето две 1,5-литарски верзии со три цилиндра, дизел со 116 коњски сили и бензинец со 136 коњски сили.

Во зависност од избраниот мотор, „Икс 1“ ќе може да се добие со нов шестостепен мануелен менувач или со осумстепен автоматски. Со основните пакети на опрема и послабите мотори овој автомобил ќе се испорачува со погон на предните тркала, додека со погон на двете оски ќе се нуди со доплата, односно стандардно со поскапите пакети на опрема.
Продажбата на „Икс 1“ во Германија ќе почне во октомври, а во другиот дел од светот до крајот на 2015 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


