| четврток, 6 декември 2018 |

Средба на Јолевски и Глвач во Братислава

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, денеска во рамки на Форум за безбедност и надворешна политика во Централна Европа – ГЛОБСЕК 2015, во Братислава остварил средба со министерот за одбрана на Словачка Мартин Глвач, соопштија од Министерството за одбрана.

Zoran-Jolevski-int96-1

 

На средбата Јолевски истакнал дека Македонија ги исполнува сите услови и критериуми за влез во Северноатлантското семејство и дека во целост ги споделуваме и негуваме вредностите на НАТО ­алијансата.

Според Јолевски припадниците на Армијата на Република Македонија повеќе од една деценија исклучително и несебично придонесуваат кон развојот на мирот, стабилноста и демократијата во светот преку мисиите на НАТО, ЕУ и ОН.

Како што се наведува во соопштението, министрите се согласиле да работат на натамошно унапредување на билатералната соработка во областа на одбраната. За таа цел тимови од двете министерства и двата генералштаба ќе се сретнат да ги дефинираат конкретните проекти за поинтензивна соработка.

Министерот Глвач потврдил дека Македонија ја има целосната поддршка од Словачка за полноправно членство во Алијансата. Тој истакнал дека Македонија со придонесите во мировните мисиите на НАТО ги споделува вредностите на Северноатлантската Алијанса.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top