| четврток, 6 декември 2018 |

Заврши лидерската средба, нова на 29 јуни

lider

Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и на ДПА на денешнaта средба во Клубот на пратениците се согласиле уште еднаш да ја потврдат нивната целосна посветеност на договорот што беше постигнат на 2 јуни по средбата со еврокомесарот Јоханес Хан во Скопје и да продолжат со разговорите за негово целосно спроведување на лидерско ниво на 29 јуни.

Денешната лидерска средба заврши по што бeше  поделено заедничко соопштение на четворицата лидери на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на СДСМ Зоран Заев, на ДУИ Али Ахмети и на ДПА Менудх Тачи. На средбата присуствуваа и евроамбасадорот Аиво Орав и амбасадорот на САД, Џес Бејли.

– Ние, лидерите на главните политички партии, денеска се согласивме уште еднаш да ја потврдиме нашата целосна посветеност на договорот од 2 јуни и да продолжиме со разговорите за негово целосно спроведување на лидерско ниво на 29 јуни. Ние, исто така  го поддржуваме транспарентното менаџирање од страна на ЕУ со текстот на овој договор, како и со сите специфични препораки поврзани со системските реформи во областа на  владеењето на правото кои ќе бидат спроведени во интерес на сите граѓани – се наведува во заедничкото соопштение.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top