| четврток, 6 декември 2018 |

Четворица холандски туристи загинаа во автобуска несреќа во Португалија

 poli

Најмалку четворица холандски туристи загинаа, а пет се повредени во несреќа со автобус што превезувал холандски туристи во јужниот дел на Португалија, соопштија денеска медицински извори. Во автобусот имало 31 холандски турист и португалски возач.

Автобусот излетал од патот во регионот Алгарве, на крајниот југ на Португалија, наведоа официјални болнички извори.

Пет од повредените туристи се здобиле со потешки повреди и се хоспитализирани.

Полицијата ги испитува причините за несреќата кои засега не се познати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top