| четврток, 6 декември 2018 |

(ВИДЕО) Руски „Пират од Карибите“

crn biserРусин од Сибир без ден искуство во бродоградба направил копија на „Црниот бисер“, бродот на капетанот Џек Спероу од „Пиратите од Карибите“.

Александар Марченко (38) одлучил да направи дрвен брод како од 17 век  откако го гледал Џони Деп во серијалот. Две години гради анализирајќи ги сликите и податоците за бродот најдени на интернет. Се очекува наскоро бродот да биде готов. Сега се надева дека неговиот бисер на реката Јенисеј ќе стане туристичка атракција која ќе ја посетат милиони луѓе. Сепак, засега не се планира бродот да заплови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top